21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИграч вреден евро го намачи Реал Мадрид

Играч вреден евро го намачи Реал Мадрид

sedrik

Кога во денешниот фудбал се говори во разликите во квалитетот на клубовите, како фактор кој одлучува најчесто се истакнуваат парите.

Парите се причина зошто клубовите од петте најголеми лиги и редовни учесници во Лигата на шампионите, стануваат затворен круг.

Парите се причината зошто Примера стана неатрактивна, затоа што Барса и Реал добиваат толку многу, а поголемиот дел од екипите многу малку.

Добриот скаутинг понекогаш вреди повеќе од милион евра.

Во неделата навечер, само што почнавме да ги собираме впечатоците од демолирањето на Леванте од страна на Барселона, започна спектаклот на стадионот Бернабеу. А почна на шокантен начин, Бетис тргна храбро, правеше шанси и поведе со голот на Хорхе Молина. Малку подоцна имаше прилика да ја зголеми предноста, но Жоан Верду не ја искористи можноста.

Кој ги направи овие две можности? Младиот Конгоанец, Седрик Мабвати Жерар. Не знаете многу за него?

Тој е роден во март 1992-та година во Киншаса и пребегнал со семејството од опустошената татковина во Камерун, а пред дванаесетиот роденден, тој, мајка му и двајцата браќа се преселиле во Саламанка, барајќи подобар живот.

Веќе во првата година започна да тренира во локалниот четвртолигаш УС Санта Марта, а голот кој му го промени животот го постигна на мечот против врсниците од Атлетико Мадрид.

На „Јорганџиите“  им се допаднал малиот Конгоанец, па го земале на еднонеделна проба, а брзината по левото крило му обезбеди договор до 2011-та година. Веќе со 16 години имаше доволен квалитет да не оди на позајмица, туку да игра за Алетикот Б. Животот во Сегунда Б беше доволно тежок за така млад играч, но за две години собра 54 настапи и даде 4 гола. Пред осумнаесетитот роденден дебитираше за првиот тим во Купот против Рекреативо, но направи пенал, па веднаш беше заменет.

Во наредната сезона со полни 18 години отиде на едногодишна позајмица во Нумансија. За една година во Секунда даде 9 голови на 40 натпревари и тогаш се надеваше на враќање во Атлетико. Потоа некое време имаше опција да премине во Осасуна, но кога тоа не се случи одлучи да потпише за Нумансија.

Пристигнавме до клучната точка од оваа приказна. На потпишувањето на договорот Седрик се обврза да се труди во дресот на клубот од Сорија, но инсистираше на бизарна клаузула, неговата откупна цена да биде 1.2 евра (не грешите евро и дваесет центи), доколку за него се заинтересира некој клуб од Примера пред 15-ти јуни.

Во двете сезони во дресот на Нумансија тој одигра 65 натпревари и даде 4 гола, по што занего се заинтересира Бетис. Ни раководните лица на „зелено-белите“ неможеа да поверуваат кога ја видо клаузулата. На кландарот стоеше 9-ти јуни, па работата беше завршена.

Веќе на првата средба Седрик доби место покрај левата аут-линија, пред 15-тата минута имаше асистенција, а до 62-та минута го мачеше несреќниот Карвахал, кога замина на заслужен одмор.

Бетис во масовната промена во текот на преодниот рок дефинитивно овде го погоди и го реши прашањето на лево крило. По ваквиот прв впечаток тешко е за верување дека Седрик долго ќе чека на следниот трансфер, но новиот со сигурност може да се каже дека ќе биде со шест цифри повеќе. Со оглед дека Кун Агуеро одамна најави дека еден ден ќе игра заедно со него, заклучокот можете да го извадите сами.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП