петок, 7 октомври 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Honor“ наскоро би можел да претстави три нови телефони

„Honor“ наскоро би можел да претстави три нови телефони

„Honor“ ќе одржи презентација во Европа на 26-ти октомври, за време на која компанијата ќе ги објави новите телефони „Honor 50“ и „Honor 50 Lite“. Сепак, извештаите споменуваат дека компанијата, покрај ова, работи и на некои нови уреди.

Овие телефони вклучуваат модели како што се „Honor Play5 Lite“ (Vitality Edition), „Honor X30i3 и „Honor X30 Max“. Овие уреди ќе дебитираат на кинескиот пазар.

Нема премногу детали за моделите „Honor Play5 Lite“ и „X30i“, но има некои информации за „Honor X30 Max“. Според дојавувач од Кина, „Honor X30 Max“ ќе има чипсет „MediaTek Dimensity 900“.

Телефонот се очекува да има 7,09-инчен „LCD“ екран, а на задната страна треба да има главна камера од 64 MP, заедно со уште два сензори. Сѐ ќе се напојува со голема батерија од 6.000mAh, со поддршка за полнење од 22,5W.

Ако сѐ оди според планот, споменатите телефони на „Honor“ би можеле да бидат претставени во текот на следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП