8 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/AUD 20.08.2013

Техничка анализа EUR/AUD 20.08.2013

Цената на еврото во однос на австралискиот долар вртоглаво расте.

Во тек на вчерашниот еврото во однос на австралискиот долар или EUR/AUD почна вртоглаво да расте после објавата на германската централна банка за стабилизирањето на економијата во еврозоната, претежно за растот на германската потрошувачка но исто така резултат на падот на австралискиот долар е неодамнешната намалена каматна стапка на РБА со намера сеуште да се намали и така превисоката цена на австралискиот долар кој директно влијае врз падот на австралиската економија.

Цената на EUR/AUD забележа огромен скок од најдолното дно на овој месец 1,4458 до цена од 1,4740 во само еден ден. При таквиот засилен нагорен моментум може да се констатира дека најверојатно ќе следи еден долг нагорен тренд во наредните недели, месеци при што може да се достигне и највисокото ниво во последните 4 години до 1,5500.

Препорака до штедачите или трговците со валути е да го продаваат австралискиот долар наспроти еврото.

На форекс берзата доколку купите евра со австралиски долари при моменталната цена од 1,4700 и да продадете на евентуалната максимална цена од 1,5500 со големина од 1 лот би заработале 7000 долари или со минимален лот од 0,1 до 700 долари.

euraud

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП