9 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа за Злато (GOLD) 20.08.2013

Техничка анализа за Злато (GOLD) 20.08.2013

По вчерашната анализа на златото, предвидувањето почна да се остварува со што златото забележа пад од 1381,90 до 1361,80 или 20 долари на унца.

Оваа година златото падна за 18 проценти како резултат на изгубената доверба на инвеститорите во вредносните залихи на металите бришејки 55,7 милијарди долари од вредносната полуга која ја подржува размената на трговија со производи.

Денес на пазарот може да очекуваме блага корекција и застој на цената околу 1361,80 и 1371,00, а доколку повторно цената се спушти под 1361,80 што претставува и цена на поддршка најверојатно цената на златото повторно ќе паѓа до некоја психолошка вредност или техничка поддршка до цена од 1342,50 каде претходниот период наиде на зголемен обем на продавање при истата цена.

На денешниот графички приказ од техничка гледна точка цената на златото најверојатно формира таканаречени “Eliot Wave” формации на подолг временски период, составени од 4 краци и доколку формациите се точни се очекува да се финализираат со евентуален пад на цената до 61,8% нивото на Фибоначи или до последниот 5-ти крак на цена 1277,00 која е и најниска цена од претходниот месец.

Доколку вчера сте го продале златото на Форекс берзата со 1 лот при падот од 1381,90 до 1361,80 би заработале 2000 долари.

zlato1

Ваш најдобар брокер

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП