23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајуспешниот електричен автомобил на „Nissan“ станува кросовер

Најуспешниот електричен автомобил на „Nissan“ станува кросовер

Првиот електричен автомобил на „Nissan“, „Leaf“, се појави на пазарот во 2010-та година. Покрај тоа што стана најпродаван модел со батерии на Јапонците, хечбекот редовно е меѓу најбараните електрични машини во светот.

Втората генерација на моделот, која се појави во 2017-та година, само го потврди успехот со додавање на многу „посмел“ изглед и многу подобра километража.

Сега во тек е третата генерација на „Nissan Leaf“, која треба да се појави на пазарот во 2025-та година. Но, работите ќе изгледаат сосема поинаку со лансирањето на следниот модел, кој ќе биде сосема поинаков. Според шефот на брендот за Европа Гијом Картие, јапонскиот производител има намера да го замени сегашниот модел со електричен кросовер.

Промената во визијата на „Leaf“ треба да стане факт во 2025-та година, што значи дека на новиот модел веќе активно се работи. Според „Autocar“, идниот модел ќе се произведува по архитектура „CMF-EV“ на алијансата „Renault-Nissan-Mitsubishi“, а производството ќе биде во фабриката во Сандерленд, Велика Британија каде во моментов се произведуваат „Juke“, „Qashqai“ и сегашната генерација електричниот автомобил.

Трансформацијата на „Leaf“ е дел од планот „Nissan“ да инвестира 1 милијарда фунти во фабриката во Сандерленд, а плановите се лентите за составување годишно да слегуваат по 100.000 единици од кросоверот, но сѐ уште не е јасно дали ќе го задржи сегашното име.

Инвестицијата ќе ја поддржи транзицијата на јапонската компанија на електрификација, а плановите се целата палета на производителот да се потпира на електрична енергија од 2025-та година, е во однос на чистите електрични автомобили и хибридите.

Крајната цел на „Nissan“ е дека до 2030-та година, 80 проценти од глобалната продажба ќе биде на електрични возила, а особено во САД, уделот ќе достигне 40%. Новиот кросовер е дизајниран да биде глобален модел и најверојатно ќе се појави на пазарите во странство. И на неговата платформа ќе биде следната генерација на поголемиот електричен теренец „Nissan Ariya“.

Детали за идниот кросовер што ќе го наследи „Leaf“ сѐ уште недостасуваат. „Nissan“ го навести моделот уште летото кога ја објавија инвестицијата во Сандерленд, но каков ќе биде конечниот производ останува да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП