25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук го менува името?

Фејсбук го менува името?

Facebook Inc. планира да се ребрендира следната недела под ново име, пишува Verge.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг планира да разговара за промена на името на годишната конференција на компанијата закажана за 28 октомври, но тоа би можело да се открие порано, пишува Verge.

Како одговор на наводите на порталот, Фејсбук рече дека не коментира „гласини или шпекулации“.

Веста доаѓа во време кога компанијата се соочува со зголемена контрола од американската влада врз нивните деловни практики.

Ребрендирањето ќе ја постави апликацијата за социјални медиуми на Фејсбук како еден од многуте производи под матичната компанија, која исто така ќе ги следи групите како Instagram, WhatsApp, Oculus и други, се додава во текстот на Verge.

Во Силиконската долина, не е невообичаено компаниите да ги менуваат имињата бидејќи настојуаат да ги прошират своите услуги.

Ребрендирањето, исто така, ќе го рефлектира фокусот на Фејсбук за создавање на метаверзум, онлајн свет каде што луѓето ќе можат да комуницираат во виртуелна средина.

Во текстот на Verge се наведува дека евентуалното име на компанијата може да има врска со „Хоризонт“. Неодамна, Фејсбук ја преименува својата VR развојна платформа од “Horizon” во “Horizon Worlds”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП