Моделите „Pixel 6“ и „Pixel 6 Pro“ беа далеку од непознати дури и пред официјалното претставување, но „Google“ ги откри сите детали за новото дуо „Pixel“ на својот настан.
Станува збор за модели со екрани од 6,4 и 6,7 инчи, помалиот е освежен на 90, а поголемиот на 120Hz. Она што го споделуваат е дизајнот, „Google“ го нарече делот со камери „камера бар“, но за жал заедништвото завршува бидејќи „Pro“ има три, а „обичниот“ модел има две камери.

„Pro“ е подобар за телефото објективот кој обезбедува четирикратен оптички зум, и тие делат 50 мегапикселна широка и 12 мегапикселна ултра широка камера. Она што отсекогаш било клучна карактеристика на „Pixel“ е софтверот, кој „Google“ сѐ уште го посочува како нешто што ќе направи добра камера да биде посебна во споредба со сите други телефони на пазарот.

Специјален е и чипот, па „Pixel 6“ и „6 Pro“ го користат првиот чип на „Google“ за паметни телефони. „Google Tensor“, иако е опремен со 8 процесори и 20 графички јадра, наместо „сурови“ перформанси, го нагласува неговиот капацитет за вештачка интелигенција.

Ова се, како што тврди „Google“, клучните работи што овозможуваат услуги како „Magic eraser“ која ги отстранува несаканите луѓе зад сцената или ги изострува лицата на фотографиите каде што тие не се доволно остри. Чипот „Tensor“ ќе овозможи добар дел од овие работи да се направат на уредот, вклучувајќи подобро препознавање говор при диктирање и симултан превод.

„Pixel 6“ ќе има 8 GB RAM меморија, а „Pro“ ќе пристигне со 12 GB. „Pro“ ќе биде достапен со 512, 256 и 128 GB простор, а „обичниот“ модел нема да има опција од 512 GB.
Цените во САД започнуваат од 599 долари за „Pixel 6“ и 899 долари за „Pixel 6 Pro“.