29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде во ЕУ има најмногу сиромашни?

Каде во ЕУ има најмногу сиромашни?

Бугарија и Романија се земјите во ЕУ со најголем дел од населението изложено на сиромаштија и материјална лишеност.

Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат, според кои двете земји се меѓу четирите во Европската унија со повеќе од една четвртина од населението во ризик од сиромаштија.

На прво место е Романија (35,8%), потоа Бугарија (33,6%), Грција (27,5%) и Шпанија (27,0%).

Најниски удели на луѓе изложени на ризик од сиромаштија се регистрирани во Чешка (11,5%), Словачка (13,8%), Словенија (14,3%), Холандија (15,8%) и Финска (15,9%).

Еден од пет луѓе во ЕУ е изложен на сиромаштија. Во 2020-та година, 96,5 милиони луѓе во ЕУ беа изложени на ризик од сиромаштија, што претставува 21,9% од населението.

Извештајот презентира неколку наоди од подеталниот статија „Statistics Explained“ во која се објаснети животните услови во Европа.

Во 2020-та година, во ЕУ имаше 75,3 милиони луѓе изложени на ризик од сиромаштија, 27,6 милиони луѓе беа во тешка финансиска и социјална ситуација, а 27,1 милиони луѓе живееја во домаќинства со низок интензитет. Меѓу 96,5 милиони луѓе во ЕУ кои беа изложени на ризик од сиромаштија, околу 5,9 милиони луѓе (1,3% од вкупното население) живееја во домаќинства кои ги доживуваа сите три услови на сиромаштија во исто време (ризик од сиромаштија, тешка материјална и социјална лишеност и живеење во домаќинство со многу низок интензитет на трудот).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП