27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој од скопските градоначалници на заминување издал најмногу одобренија за градење

Кој од скопските градоначалници на заминување издал најмногу одобренија за градење

О2 Иницијатива излезе со анализа кој од скопските градоначалници на заминување колку одобренија за градење издал во својот мандат заклучно со aвгуст 2021, за колку станови, со колкава вкупна површина.

Неприкосновен шампион е Златко Марин, Аеродром со 4,739 станови и 257,341 м2.

По него е Борис Георгиевски, Гази Баба со 3,105 стана и 201,603 м2.

Па следи Саша Богдановиќ, Центар со 2,150 стана, со вкупно 155,054 м2.

Борис Георгиевски е шампион по број на станови за еден месец, во август годинава издал 25 одобренија за градење за 1,285 стана со 79,279 м2. Машала!, велат од О2 Иницијатива.

-Во овој период на територијата на град Скопје издадени се 2,354 одобренија за градење, за 14,451 стана со вкупно површина од 950,814 м2. Цели градови да се населат и се продолжува со исто темпо. На ваквото урбано дивеење кое трае веќе подолго време мора да му се стави крај, порачуваат од О2 Иницијатива.

Извор: О2 Иницијатива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП