23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвестициското банкарство му помогна на „Morgan Stanley“ да постави нов рекорд

Инвестициското банкарство му помогна на „Morgan Stanley“ да постави нов рекорд

Американската инвестициска банка „Morgan Stanley“ ги надмина очекувањата на аналитичарите за добивка и приходи за третиот квартал, откако компанијата објави рекордни резултати во инвестициското банкарство и управување со средства.

Банката објави нето добивка од 3,58 милијарди долари, или 1,98 долари по акција за кварталот, додека аналитичарите анкетирани од „Refinitiv“ имаа проценка од 1,68 долари по акција. Една година порано, заработката изнесуваше 1,66 долари по акција. Добивката се зголеми за 38 проценти на годишно ниво,највисок раст во корпоративната историја, пренесува „Reuters“.

Приходите беа 14,75 милијарди долари за кварталот од прогнозата за 14 милијарди долари.

Генерално, банката од Волстрит ги користи предностите на глобалните спојувања и превземања што достигнаа нови највисоки вредности во третиот квартал. За трите месеци завршени на 27-ми септември, беа склучени зделки во вредност од 1,52 трилиони долари.

„Нашата компанија постигна уште еден многу силен квартал, со стабилни приходи и подобрена ефикасност“, рече извршниот директор Џејмс Горман во соопштението за печатот.

„Имавме одлични перформанси на нашата интегрирана инвестициска банка и забележавме нето нови средства од 135 милијарди американски долари во поделбата за управување со богатството“, додава Горман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП