9 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПоминаа 14 години од смртта на Тоше Проески, болката не поминува!

Поминаа 14 години од смртта на Тоше Проески, болката не поминува!

На денешен ден пред 14 години, во раните утрински часови, загина нашиот пејач и регионална ѕвезда, Тоше Проески.

Неговото заминување речиси сите го прифатија тешко, почнувајќи од неговото семејство, до пријателите, колегите, но и обожавателите кои се уште ги чуваат неговите песни да не бидат заборавени.

Бројни пејачи кои го познаваа, како и најблиските кои не се помируваат дека тој не е повеќе, засекогаш ќе зборуваат за неговиот беспрекорен талент, незаборавниот и незаменлив глас, а пред се добрината на овој уметник. За семејството на легендарниот пејач кој замина прерано, денес е најтешкиот ден во годината. Мајката Доминика и таткото Никола се уште не најдоа утешни зборови, а во една прилика им посочија на медиумите дека тие не постојат.

-Што да кажеме … Секоја година тагата станува посилна. Деновите минуваат, а нашиот син го нема. Останува само спомен, спомен за прекрасно дете кое не напушти засекогаш. Некои велат судбина, а за нас нема утеха – рече неговиот татко пред неколку години.

Покрај неговите родители, денес на социјалните мрежи го споменуваат многу колеги и пријатели на славниот музичар. Еден од нив е Тони Цетински, кој беше близок со Тоше.

-Не напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да поверувам колку ни недостасуваш денес и колку ни е тешко што си замина прерано. Секој ден ни доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го дознаеме, чуеме или сомневаме, но сепак доаѓа немилосрдно и не потсетува колку сме кревки и како никогаш не знаеме што ни носи следниот ден – напиша Цетински на Инстаграм.

Да потсетиме, на автопатот кај Нова Градишка, Тоша загина во сообраќајна несреќа на 26 -годишна возраст. Покрај него, во автомобилот беа возачот и пријателот на пејачот Ѓорги Георгиевски и менаџерката Љиљана Петровиќ. Се претпоставува дека, поради големата брзина, удриле во камионот. Тоше, кој седеше на совозачкото седиште, почина, додека возачот се здоби со тешки телесни повреди, а менаџерката се здоби со полесни повреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП