29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоморскиот транспорт на стока е поскап за 10 пати, авио каргото двојно,...

Поморскиот транспорт на стока е поскап за 10 пати, авио каргото двојно, а патниот 15% !

За десет пати е зголемена цената на поморскиот транспорт. Ако еден контејнер пред две години чинел 800 долари сега за истиот треба да се плати дури 8000 илјади евра. Товарниот земјен транспорт од почетокот на пандемијата е поскап за 15 отсто. А пак авионскиот карго сообраќај е двојно поскап. Ова се податоци кои Денар ги доби од бизнис секторот во Македонија. Трошоците за транспорт на стока е една од поголемите ставки кои влегуваат во формирањето на цената на финалниот производ што го плаќаат граѓаните. Зголемените цени на транспортот на суровини значат и поскапи производи во продавниците.

За десет пати е зголемена цената на поморскиот транспорт на стоки. Бизнисмени од Македонија велат дека контејнерот со кој се испорачувала стоката која ја нарачувале во 2019 година од Кина која чинел 800 денари, сега истиот не може да се нарача ако бизнисмените немаат подготвено 8000 евра. И тоа е цена доколку стоката стаса во земјава за неколку  месеци. Во случај да се работи за итност и контејнерот од истокот да стаса за неколку дена тогаш цената е многу повисока. Најголем удел во цената има видот на стоката која се пренесува, па бизнисмените тврдат дека поисплатливо е да се реалоцира производството од Азија во Европа, од колку да се набавува од источните држави. 

„Мора да бидеме свесни дека Македонија не е остров кој се наоѓа во Атлантскиот окен, туку држава која е во Европа. Како држава сме подложни на сите влијанија кои се чувствуваат во светот и едноставно мора да се однесуваме на тој начин. Од тука е јасно дека секое зголемување на цените на импутите доаѓа до зголемување на цените на финалните производи. И тука не треба да се има дилема. Исто како што сега е најактуелно со цената на енергенсите, и тоа ќе се одрази на цената на производите. Слушнав дека за одредени производи е можно замрзнување на цените, добро, и тоа може да се случи, но меѓутоа може да се случи и одредени компании да не го произведуваат тој производ и со тоа да се случи еден пострашен ефект на недостаток на тој производ. Значи дефинитивно, зголемени трошоци на влез, зголемени трошоци на излез“, вели за Денар Трајан Ангеловски претседател на Индустриска комора при Сојуз на стопански комори.

Од здружението на превозници Макам Транс за Денар велат дека, во однос на контејнерскиот превоз на стока од прекуморските држави има голем раст на цените на превозот затоа што се повлекоа голем број на контејери од американските и кинеските бродски агенции, па постои недостатокот на товарен простор за европските држави, и тоа е причината за пораст на цената на превозот во однос на стоката која се нуди за превоз. Во однос на товарниот патен сообраќај кој се врши на европскиот пазар каде учествуваат и превозниците од Македонија, состојбата е поинаква затоа што понудата на возила е поголема од понудата на стока за превоз поради фактот што европската економија не работи со полн капацитет, а пазарната економија не овозможува побрз пораст на цената на превозот која во 2020 година поради пандемијата и ниската цена на нафтата драстично се намали. Дополнително од ова здружение велат дека дирекните превозници како извршители на превозната операција се најмалку платени иако најмногу ризикуваат и ги плаќаат сите трошоци однапред.

„Цените незначително се зголемуваат од 10 до 50 евра во зависност од видот на стоката и итноста на испораката и се уште не го постигнале нивото на цени за превоз кој важеа до периодот на пандемија. За разлика од дирекните превозници кои имаат сопствен возен парк во оваа фела постојат т.н организатори на превоз кои секогаш се најдуваат помеѓу превозникот и дирекниот корисник на превозот и затоа одредени цени на превоз се повисоки, но преставуваат разлика за провизиите кои ги вградуваат во цената на превозот т.н организаторите на превозот на кои најмногу доверба им искажуваат корисниците на превозот. Исто така корисниците на превоз согласно движењето на светските берзи особено за цените на погонското гориво во калкулацијата на чинење на единица производ ги вградуваат тие трошоци, а ако обезбедат поевтин превоз во тој случај имаат екстра профит за себе“, велат од Макам транс.

Од бизнис секторот Денар доби информација дека и цените во авионскиот карго транспорт се двојно зголемени во периодот од 2019 година до денес.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП