Паметниот телефон „Sony Honami“ би требало да биде претставен веќе наредниот месец, но сега се појавија информации дека наскоро би можеле да очекуваме и „Honami mini“.
Под кодното име „Ray 3“, „Honami mini“ би требало да поседува „Snapdragon 800“ нa 2.3GHz, HD екран со 720p резолуција и 2GB RAM.
Тука се уште и камерата од 20 мегапиксели со „Sony G“ објектив, 16GB интерна меморија и батерија со моќност од 2.400mAh.
Тоа што е интересно е дека „Honami mini“ нема да изгледа како послаба верзија на „Honami“, туку станува збор за само компактен дизајн.
Споменатите процесор и камера ќе бидат идентични со оние кои ќе ги поседува „Honami“, а се шпекулира дека уредот ќе биде претставен на 4-ти септември во Германија.