Вкусот на германската традиционална храна и пијалаци, надополнет со квалитетот на производите направени во Германија, се во главниот фокус на настанот „Денови на германски вкусови“ кој почнувајќи од денеска (14 октомври) до 28 октомври се одржува во сите Веро маркети.
Со настанот посветен на Германија, Веро продолжува на своите потрошувачи да им претставува традиционални и други карактеристични производи од различни земји од светот по промотивни цени. Понудата на германски производи опфаќа повеќе видови путер, кашкавали, сирења, намази и други млечни производи кои традиционално се дел од германскиот појадок, како и различни видови кафе и слатки задоволства за седенките со семејството и пријателите. Уживањето во германските вкусови не може да биде комплетно без најдобрите пива од Германија и традиционалните колбаси кои се неизоставен дел од најголемиот фестивал на пивото – Октоберфест. Понудата е збогатена и со производи за нега и убавина, препознатливи меѓу потрошувачите по врвниот квалитет, како и со здрави производи и додатоци во исхраната кои го зајакнуваат имунитетот.

