26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Sberbank“ стана највредната банка во Европа

„Sberbank“ стана највредната банка во Европа

На 7-ми октомври, „Sber“ (порано позната како „Sberbank“) стана највредната банка во Европа. Претходно, првото место го држеше британската „HSBC“, објавија руските медиуми.

Како што пренесе „IntelliNews“, рускиот берзански индекс „RTS“ скокна во втората недела од октомври и за прв пат во една деценија ја проби границата од 1.800. Иако водечкиот индекс на „RTS“ се зголеми за околу 32 проценти од почетокот на годината, повеќето инвеститори вниманието го насочија кон банкарскиот сектор кој порасна за над 70 проценти на 8-ми октомври. „Sber“ и „TCS Group“ привлекоа најголемо внимание со поттикнување на раст на вредноста на секторот.

Цената на акцијата на „Sberbank“ го обнови својот историски максимум: една акција вредеше повеќе од 366 рубли (5,10 американски долари). Пазарната капитализација на 7-ми октомври надмина 8,25 трилиони руби (113 милијарди долари), наспроти „HSBC“ која имаше капитализација помала за 30 милијарди долари.

Потпретседателот на „Sberbank“, Владислав Креинин, во интервју рече дека растот на чисто банкарските услуги, земајќи ја предвид новата регулатива, ќе биде ограничен во следните десет години и дека целиот раст ќе дојде од пресвртот на банката кон финансиските и интернет услугите, според „Russia Business Today“.

Околу сто од 13.000 филијали на банката веќе се трансформирани во рамките на новиот екосистем, а се планира да се отворат уште 6.000, објави ТВ каналот „Русија 24“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП