20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈагленот нема да ги реши проблемите со струјата, ќе мора да...

Јагленот нема да ги реши проблемите со струјата, ќе мора да се увезе електрична енергија

Увозот на  јаглен  ќе ги ублажи проблемите од енергетскста криза, но за да се задоволат целосно потребните ќе мора да се купи  електрична енегија од надвор, смета професорот Антон Чаушевски. Вели дека купувањето на јаглен за Рек Битола и ТЕЦ Осломеј краткорочно ќе помогне.

-Енергетиката е сложен сектор и во него плановите се прават долгорочно, а не од ден за ден, зошто цената на струјата се менува од ден на ден. Увезуваме јаглен, но потребите  нема целосно да се покријат и пак ќе биде неопходно да увеземе струја за да се задоволат сите потреби, вели за “Денар”, универзитетскиот професор Антон Чаушевски.

Според Чаушевски се отвораат и многу прашања околу увозот на јагленот. Прво дали ќе се најде планираната количина, второт по која цена ќе го купиме и трето како ќе се донесе во земјава.

-Не е само работата да кажеме дека ќе увезуваме јаглен. Проблем е дали во оваа криза ќе се најде земја  која ќе сака да го продава својот јаглен. Без разлика дали ќе се увезува од Грција или од Косово, сите земји се во криза и сите ќе си го чуваат своето богаство. Станува збор за голема количина која е многу важно по која цена ќе се купи, и како ќе се донесе до тука. Количините се навистина многу големи, станува збор за милиони тони, за што би биле потреби и околу два месеци за да се транспортираат до тука, додава Чаушевски.

Чаушевски вели дека оваа енерегетска криза мора да ни биде поука за во иднина.

-Мора да се води сметка за базните електрани. Да се обезбеди јаглен за трите блока во Рек Битола за период од шест месеци. Односно да бидат подготвени од октомври па се до април. И секако долгорочно да се изградат нови електрани, вели Чаушевски.

Македонија во 80 тите години поради недостаток на електирчна енегија се соочила со рестрикции. Според претходно подготвен план, општините наизменично по неколку часа останувале без струја. Потоа во употреба бил пуштен Рек Битола. Чаушевски смета дека нема да дојде до тоа, со образложение дека енергетскот сектор сега не е како пред 40 години, кога бил многу послаб.

Поради сериозниот скок на цената на струјата на светските берзи, која достигна и до 200 евра за мегават час, државата одлучи да увезе еден милион тони јаглен. Целта е да се ублажат последиците врз стопанството кое во моментов најповеќе ги чувствува. Домаќинствата пак засега се сигурни, односно до крајот на годинава. Но по Нова Година никој не може да знае што ќе се случува со цената и за граѓаните. Дали ќе расте или пак ќе има простор да остане иста.

Експертите не се оптимисти дека цената наскоро ќе се стабилизира. Прогнозите се дека растот ќе продлжи се до средината на следната година. Затоа многу од земјите, не само во регионот туку и пошироко одлучија да почнат со воведување на интерветни мерки- рестрикции.

Според експертите , една од причините за раст на цената на струјата е големата побарувачка, по стаганцијата минатата година, кога  поради пандемијата беше стопиран голем дел од работата на индустријата во светот. По постепеното олабавување на состојбата, производството се потешко го следи трендот на побарувачка на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП