28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвршниот одбор на ММФ ја потврди целосната доверба во Георгиева

Извршниот одбор на ММФ ја потврди целосната доверба во Георгиева

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот ја потврди целосната доверба во директорката на фондот, Кристалина Георгиева, откако ги испита обвинувањата против неа за притисок врз вработените во Светска банка да ги сменат податоците за Кина.

Извршниот комитет така одлучи по проучување на извештајот на Вилмер Хејл, во кој Георгиева е обвинета дека извршила притисок врз нејзиниот персонал во 2017 година, кога била извршен директор на Светската банка, да ги промени податоците на Кина за да ги подобри перформансите на земјата.

Комитетот во понеделникот соопшти дека има доверба во посветеноста на Георгиева да ги почитува највисоките стандарди на управување и интегритет.

Во исто време, тие истакнаа дека планираат дополнителни чекори за зајакнување на мерките за заштита на непристрасноста на вработените во ММФ, како и обезбедување канали за поплаки и несогласувања.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен и рече на Георгиева дека извештајот на Светска банка за нејзината работа „покрена легитимни прашања“, но дека недостатокот на директни докази промената на раководството на ММФ е неоправдана.

Во соопштението, таа нагласи дека „треба да се преземат проактивни чекори за зајакнување на интегритетот и кредибилитетот на ММФ“ и дека Георгиева и другите лидери на ММФ мора да ја обноват својата посветеност кон транспарентност во истражувањето, анализите и политиките на фондот, се вели во соопштението на министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП