24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ant Group“ го зголеми својот регистриран капитал на 35 милијарди јуани

„Ant Group“ го зголеми својот регистриран капитал на 35 милијарди јуани

Кинескиот гигант „Ant Group“ го зголеми својот регистриран капитал на 35 милијарди јуани (5,44 милијарди долари) од 23,8 милијарди јуани, додека финтех компанијата продолжува да работи на реструктуирањето што го наметна владата.

„Ant“, подружницата на гигантот за онлајн трговија, „Alibaba Group Holding“, рече дека зголемувањето има за цел да го поддржи нејзиниот раст „според соодветните прописи и деловни потреби“.

Во април, властите и наредија на „Ant“ да изврши големо преструктуирање, откако Пекинг ја запре планираната првична јавна понуда на финтек компанијата, која требаше да се одржи во ноември и да достигне рекордни 37 милијарди долари. Сето ова ја нагласи решеноста на владата да ги спречи интернет-гигантите во оваа азиска земја.

Преструктуирањето го става „Ant Group“ под поголема регулаторна контрола и построги барања за капитал.

„Ant“ тврди дека растот од 47% доаѓа од „капитализација на дел од капиталната резерва на компанијата“. Финтек-компанијата вели дека не спровел никакви активности за собирање средства и не биле ангажирани дополнителни инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП