Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата заедно со подржувачите на борците од НОБ, носителката на листа во општина Центар Андријана Будимир – Филиповски и Координаторката на жените на ОО СДСМ Центар Маја Борозан со положување свежо цвеќе се поклони пред споменикот на Споменикот на паднатите борци и оддаде почит на партизаните од НОБ по повод државниот празник 11 Октомври, „Денот на народното востание“, им испраќа честитка на сите граѓани на републиката.
„Горди и исправени денеска ја прославуваме 80 годишнината од државниот празник „11 октомври. Ден кога нашиот храбар македонски народ во Прилеп и Куманово се крена против окупаторот за ослободување на државата. И успеа, денеска растеме нови генерации и живееме во аманет слободна и да ја зачуваме“, изјави Герасимовски.







