19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАБугарија ги повлече рестрикциите за патување за македонските државјани

Бугарија ги повлече рестрикциите за патување за македонските државјани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот фејсбук профил информираше дека почнувајќи од утре Бугарија ќе ги повлече рестрикциите за патување за нашите државјани.

„Најновите информации за новите одлуки на Владата во Софија. Почнувајќи од утре, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија“, пишува Османи.

Со последната одлука, како што информира Османи, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.

„Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)“, стои напишано од страна на министерот за надворешни работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП