26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mazda“ потврди, пристигнуваат „CX-60“ и „CX-80“

„Mazda“ потврди, пристигнуваат „CX-60“ и „CX-80“

Јапонскиот производител објави дека планира да ја прошири својата палета на „SUV“ модели од 2022-ра година.

Двата нови модели, „Mazda CX-60“ и „Mazda CX-80“, ќе бидат претставени на европскиот пазар во следните две години, соопшти јапонската компанија.

За да се задоволат зголемените потреби на сегментот, „Mazda“ ќе им понуди на европските клиенти поголем избор на „SUV“ модели.

Во исто време, нови модели од групата на големи теренци, „CX-70“ и „CX-90“, како и „CX-50“ од групата помали кросовери ќе бидат претставени во САД и на некои други неевропски пазари.

„Mazda“ очекува новите европски модели, „CX-60“ и „CX-80“, да создадат позитивен деловен раст на среден и долг рок.

„Mazda CX-60“ и „CX-80“ ќе бидат достапни во верзии на седишта со два и три реда и ќе ги предводат новите модели на јапонскиот производител со „plug-in“ хибриден погон што го сочинува 4-цилиндричниот бензинец во линијата мотори и електричен мотор.

Покрај тоа, новата генерација на 6-цилиндрични мотори во линија, бензински и дизел мотори, „Skyactiv-X“ и „Skyactiv-D“, исто така, ќе биде воведена во комбинација со 48-волтен лесен хибриден систем.

„Mazda“ објави дека во текот на првата половина на 2022-ра година, ќе биде претставена нова верзија на електричниот автомобил на „Mazda MX-30“ со продолжен радиус на движење, кој ќе користи ротирачки мотор како генератор на енергија.

Од 2025-та година, компаниите ќе претстават низа нови возила на нова платформа наменета за електричен погон. Со воведувањето на овие модели, „Mazda“ е на пат да ја заврши електрификацијата на својот целосен опсег до 2030-та година, тврди компанијата.

Заедно со овие нови модели, неодамна освежениот „Mazda CX-5“ останува еден од клучните модели што го водат бизнисот на „Mazda“ на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП