20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Скопјанка пријавила 453.110.019 денари годишен бруто доход

УЈП: Скопјанка пријавила 453.110.019 денари годишен бруто доход

За календарската 2020 година Управата за јавни приходи изготви и достави пополнета Годишна даночна пријава, за 769 794 граѓани, со искажан 331.314.631.203.469,00 денари годишен бруто –доход и 19.607.095.073,00 денари пресметан данок на личен доход.

Годишните даночни пријави се изготвени врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од страна на исплатувачите, од пресметките во кои граѓаните пријавиле дека оствариле доходот од други физички лица и од странство, врз основа на податоците од годишниот даночен биланс како и паушално утврдениот нето доход од вршење самостојна дејност.

За 40 021 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 616 024, оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2019 година има зголемување во врвните прагови, односно 11 граѓани во 2020 оствариле над 100 милиони денари а 557 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.

Во 2020 година Скопјанка пријавила 453.110.019,00 годишен бруто доход.

Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105.200.322,00денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток,трговија со тутун и игри на среќа. Највисокото лично примање изнесува 63.263.316,00 денари на годишно ниво за извршени услуги кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Целиот извештај на УЈП можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП