20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХраната во светот најскапа во последните десет години

Храната во светот најскапа во последните десет години

Цените на храната на светските пазари пораснаа втор месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 10 години, поттикнати од зголемувањето на житото и растителните масла, соопшти Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи цените на корпите со основни прехранбени производи, се зголеми во септември за 1,2 проценти во споредба со ревидираната вредност во август, на просечни 130 поени, што е највисока вредност од септември 2011 година, а во споредба со септември минатата година е за третина повисока, наведува Ројтерс.

Во септември, цените на житните култури се зголемија најмногу – за два проценти во споредба со август, што се одрази на зголемувањето на цената на пченицата за речиси четири проценти поради ограничувањето на извозните капацитети во услови на зголемена побарувачка.

„Меѓу главните житни култури, пченицата ќе биде во фокусот на следните недели бидејќи наглиот пораст на цените ќе ја тестира побарувачката“, рече високиот функционер на ФАО, Абореза Абасијан.

Растителните масла се за 1,7 проценти поскапи отколку во август, како резултат на порастот на цената на палминото масло, предизвикано од силната побарувачка од увозниците и загриженоста за недостаток на работна сила во Малезија, водечки производител на палмино масло.

Забележливо е и зголемувањето на маслото од репка, но сончогледовото и соиното масло поевтинија.

Во споредба со минатиот септември, цените на растителните масла се повисоки за околу 60 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП