28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nvidia“ во обид да го спаси купувањето на „Arm“

„Nvidia“ во обид да го спаси купувањето на „Arm“

„Nvidia“ понуди отстапки во обид да добие одобрување од антимонополските власти во Европската унија за купување на британскиот дизајнер на чипови „Arm“ за 54 милијарди долари, според документите доставени до Европската комисија.

Договорот, објавен од најголемиот производител на видео картички и чипови за вештачка интелигенција во минатата година, предизвика загриженост во индустријата за чипови дали „Arm“ може да остане неутрален играч што лиценцира интелектуална сопственост на клиенти и конкуренти.

Органот за конкуренција на ЕУ, кој не откри детали за концесиите, одреди рок до 27-ми октомври за одлуката.

Тој сега ќе бара повратни информации од конкурентите и клиентите пред да одлучи дали ќе ги прифати предметните попусти, дали ќе побара поголеми или ќе започне четиримесечна истрага.

„Nvidia“ објави дека ќе го задржи „Arm“ неутрален технолошки провајдер, бидејќи има за цел да ја намали загриженоста од компаниите како што се „Qualcomm“, „Samsung Electronics“ и „Apple“, кои ги користат услугите на купената компанија.

Клиентите на „Arm“ – „Broadcom“, „MediaTek“ и „Marvell“ се поддржувачи на договорот.

„Arm“, која е во сопственост на јапонската група „SoftBank“, е главен играч на глобалниот пазар на чипови. Неговиот дизајн го напојува скоро секој паметен телефон во светот, како и милиони други уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП