25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолку чини да се склопи новиот „iPhone 13 Pro“

Колку чини да се склопи новиот „iPhone 13 Pro“

Според анализата на расклопување на компонентите спроведена од „TechInsights“, цената на компонентите на новиот модел „iPhone 13 Pro“ со 256 GB простор чини точно 570 долари.

Оваа цена претставува зголемување од 4% во споредба со цената за производство на моделот „iPhone 12 Pro“ од 256 GB од минатата година, чија цена беше 548 долари. Интересно, малопродажната цена за „iPhone 13 Pro“ со меморија од 256 GB е 1.099 долари.

Ова значи дека материјалите сочинуваат 52 проценти од конечната цена на телефонот, не вклучувајќи ги и другите трошоци, како што се истражувањето и развојот, маркетингот и транспортот, но и економиите на обем на „Apple“.

Новиот чипсет „A15 Bionic“, „NAND“ флеш меморијата и потсистемот на дисплејот се главните фактори за зголемување на трошоците за производство на моделот „iPhone 13 Pro“. На конечната цена секако влијаеше сегашниот недостаток на чипови.

„TechInsights“, за споредба, исто така, споменува дека проценетите трошоци за изработка на телефонот „Samsung Galaxy S21 +“ со 256GB простор за складирање е 508 долари, додека малопродажната цена на овој телефон на веб-страницата на „Samsung“ е 1.050 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП