19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавена листата на најмоќни пасоши, македонскиот на 47. место

Објавена листата на најмоќни пасоши, македонскиот на 47. место

Консултантската фирма за државјанство и резиденцијален статус со седиште во Лондон, Henley & Partners објави ревидирана листа на најмоќни пасоши во светот, а Северна македонија е на 48 место. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија на 11-то место, Хрватска на 18 -то место , Србија на 39 -то, Црногорскиот на 48 место и Босанскиот на 54 -то место.

Последниот извештај на Henley & Partners покажува дека глобалниот јаз во слободата на патување никогаш не бил поголем.

Таканаречениот Henley Passport Index базиран на податоци добени од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA), која редовно ги следи најдобрите светски пасоши од 2006 година.

Нивното рангирање на „јачината“ на пасошот се мери врз основа на тоа колку неговите сопственици можат да патуваат во земји во светот без виза.

Компанијата наведе дека зголемувањето на забраните за патување поради пандемијата на корона, резултираше со најголем јаз во глобалната мобилност во 16-годишната историја на индексот, пишува Си-Ен-Ен .

Бидејќи при креирањето на новата листа не беа земени предвид привремените ограничувања, сопствениците на најмоќните пасоши – Јапонија и Сингапур, барем во теорија, можат да патуваат без визи во 192 земји во светот.

Тоа е за 166 повеќе дестинации од Авганистанците кои се на дното на листата и кои можат да влезат само во 26 земји без виза.

Според последното рангирање македонците можат да патуваат во 125 земји без виза.

Најмоќните пасоши во 2021 година се: 1. Јапонија, Сингапур (192 дестинации) 2. Германија, Јужна Кореја (190) 3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија (189) 4. Австрија, Данска (188) 5. Франција, Ирска, Холандија, Португалија, Шведска (187) 6. Белгија, Нов Зеланд, Швајцарија (186) 7. Чешка, Грција, Малта, Норвешка, Обединетото Кралство, САД (185) 8. Австралија, Канада (184) 9. Унгарија (183) 10. Литванија, Полска, Словачка (182)

Најлоши пасоши: 109. Северна Кореја (39 дестинации) 110. Непал и палестински територии (37) 111. Сомалија (34) 112. Јемен (33) 113. Пакистан (31) 114. Сирија (29) 115. Ирак (28) 116. Авганистан (26)

Henley Passport Index е еден од неколкуте индекси создадени од финансиски компании за рангирање на глобалните пасоши според пристапот што им го даваат на своите граѓани. Опфаќа 227 дестинации за патување.

Листата на најмоќни пасоши можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП