29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните не веруваат дека по избори ќе живеат подобро!

Граѓаните не веруваат дека по избори ќе живеат подобро!

Предизборната политичка кампања за локалните избори веќе е во полана пареа. Политичарите, кандидатите, идните и сегашни функционери пред граѓаните или преку социјалните мрежи ја претставуваат својата и партиската програма преку која се надеваат дека ќе ги убедат граѓаните да го добијат нивниот глас.

Како и на секои претходни избори, така и на овие може да се слушнат ветувања кои пред се имаат за цел да го подобрат животот на граѓаните. Идните градоначалници најавуваат подземни и надземни инфраструктурни решенија, спортско-рекреативни проекти, нови воспитно образовни објекти, проекти поврзани со социјалниот и културниот живот на населението. Дел се стари проекти, веќе неколку предизборни циклуси се познати ветувања на политичарите, но не реализирани , а дел се и нови идеи. Аналитичарите сметаат дека екс политичките лидери се виновни за недовербата на граѓаните, а пак активистите се на став дека слабата реализација на ветените проекти во предизборието предонесува за се помала заитересираност на граѓаните да ги следат предизборните карвани.

Токму поради се полошата реализација на ветените предизборни проекти, граѓаните се поретко им веруваат на политичарите. Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски за Денар вели дека се намаллува довербата на граѓаните, а како виновници тој ги наведува поранешните политички лидери и нивните според него лоши владеења. Атанасовски го наведува фактот што поранешниот претседател и премиер, Бранко Црвенковски кој ја одбележа македонската политичка сцена, овие три децении независност, преку детектирање на  сите катастрофални состојби во кои се наоѓа македонската држава на секое поле, и тоа на економијата, здравството, судството, администрацијата, надворешната и внатрешната политика, корупцијата и криминалот. Дополнително, неговата анализа Атанасовски за јавната недоверба врз политиките ја темели и на владеењето на како што го нарекува пребеганиот азилант во Будимпешта, најдолготрајниот премиер Никола Груевски, како политичар со најдолг стаж на највисоките државни позиции. Секако додава Атанасовски дека вина носат и Георгиевски , Бучковски своевремено. Но не само екс лидерите кои ја воделе земјава, експертот смета дека и Зоран Заев ќе сноси своја одговорност и вина од кога ќе му заврши премиерскиот мандат. Што се однесува до Мицкоски како алтернатива на Заев, тој вели има изградено толку мали приватни свои хидроцентрални, колку што една Кина не може да постаса. Па, Атанасовски сега јавно прашува кому да веруваат граѓаните? Вели, на Апасиев? И реторички објаснува дека тој и од позиција на „вечна опозиција“, ќе си го нареди животот.

„Истите преповторени лаги за средено судство, ефикасна и непартизирана администрација, борба против корупција и организиран криминал, средено и европско здравство и образование се преповторуваат од изборен до изборен циклус, а во реалноста исходот е сосема спротивен од големите шарени лаги и ветувања: ужасно низок животен стандард, судство подјармено под политичките и бизнис центри на моќ, катастрофално здравство, образование кое продуцира неписмени, неконкурентни за пазарот на труд, клиентилизирана, партизирана  и крлеж-јавна администрација која го цица буџетот, кој да „ќе пукне“ еден ден. Партиите се веќе одамна прочитани, и затоа во нив и за нив останаа само клиентилистите, интересџиите, тие кои гледаат личен бенефит. Другите кои сакаа нормална и европско уредена држава се иселија одамна во западноевропските уредени општества, по иронија на судбината, најчесто со „ неговата светост-бугарскиот пасош“., вели Благојче Атанасовски.

Според активистите, предизборните ветувања имаат мала тежина во поглед на одлуката за кого и дали воопшто ќе гласаат граѓаните, како и во однос на повикувањето на одговорност за ветеното откако ќе бидат избрани кандидатите што ќе победат на изборите. Активистот Здравко Савески смета дека партиите тоа добро го знаат, па затоа и не се фокусираат на изводливоста и веродостојноста на ветувањата што ги кажуваат.

„ Граѓаните ги имаат доволно „прочитано“ политичарите и нивните предизборни ветувања. Фактички, до таа мера кај нив е раширено убедувањето дека бидувањето политичар е поврзано со кажување празни ветувања, што дури и да се појави некој искрен политичар, тие тоа нема да го забележат. На овие избори можеби повеќе од сите претходни избори се зборува за промени. Но, можеби како никогаш порано кај учесниците на овие избори отсуствува стремежот за промени, кој отсуствува и кај граѓаните. Овие избори се само за евентуални замени, но не и за промени. Кој ќе ги освои градоначалничките и советничките места сѐ уште не се знае, но она што се знае многу пред почетокот на изборната кампања е дека нема да има промени по изборите. Ниту учесниците на изборите, ниту граѓаните не се стремат кон тоа, настрана празната реторика“, вели за Денар Здравко Савески активист за социјална правда.

Аналитичарот Атанасовски пак додава дека потребна е што поголема и пошаренолика политичка понуда на пазарот, бидејќи тоа е и сржта и суштината на една демократија, односно право на избор. Атанасовски  смета дека граѓаните иако имаат избор,  на крајот од денот, тие пак ќе гласаат за доминантните традиционални, големи блок-коалиции, кои се менуваат овие три децении плурализам и пак ќе се жалат, и негодуваат како се пак разочарани, изманипулирани и разочарани.

„Чуден некој, стокхолмски синдром не има навјасано овие три децении. Од друга страна и тие независни листи, се предводени од некои ликови кои се отпадници од други партии, и ние граѓаните ги чувствуваме како некои кои по секоја цена сакаат да се дограбат до некоја позиција  и функција, која им носи пари, моќ и привилегии, ним и на нивните фамилии. Толку сме „изгорени“, што не веруваме веќе никому, гласаме по инерција. Нема енергија, нема чесна понуда, нема чиста идеолошка профилираност, нема ништо што би не привлекло како гласачи да излеземе на избирачките кутии. Зомбизирани сме, и се плашам дека на хоризонтот не се гледа, речиси никаква надеж“, додава Атанасовски.

Уште десетина дена останаа идните потенцијални локални власти да ги убедуваат граѓаните дека домаќински и во нивна корист ќе ги трошат парите од општинската каса. Кој ќе успее да биде подобар во убедувањето ќе се знае најрано околу полноќ  на 17-ти октомври, а најдоцна две недели подоцна.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП