Поради падот на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, богатството на Марк Цукерберг, се намали за повеќе од шест милијарди американски долари за неколку часа, пишуваат светските медиуми.
Најпрво се урнаа социјалните мрежи и услугите за пораки во сопственост на „Фејсбук – Инстаграм“, „Ватсап“ и „Фејсбук-Месинџер“, а потоа слични проблеми на корисниците беа пријавени на Амазон, Тикток, Снепчет и други, пренесуваат агенциите.

