19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанија за рударење биткоин купи електрана во Пенсилванија

Компанија за рударење биткоин купи електрана во Пенсилванија

Електрана во Пенсилванија беше купена од компанија која се занимава со рударење на биткоин со цел да обезбеди доволно електрична енергија за нејзината основна дејност, пишува „TechSpot“.

Холдинг-компанијата во Пенсилванија неодамна ја купи финансиски запрената соларна електрана „Scrubgrass“, која во моментов произведува доволно електрична енергија за 1.800 „рипти“ на биткоин, и планира да го зголеми производството што ќе ја поддржи работата на повеќе од 20.000 рудари до 2022-ра година.

„Stronghold Digital Mining“ од Кенердел, Пенсилванија на тој начин им се придружи на другите играчи на пазарот кои се обидуваат сами да го решат проблемот со снабдувањето со електрична енергија.

„Stronghold“ се претставува пред потенцијалните инвеститори како вертикално интегриран и еколошки свесен „биткоин рудар“.

Рударењето на најпознатите крипто-валути како што се биткоинот и етериумот бара огромни количини енергија. За една трансакција со биткоин, вклучително и ресурсите потребни за рударење на дигитални монети и верификација на трансакцијата, може да се потрошат вкупно до 1.700 киловат часови.

Растечката потреба за електрична енергија ги принуди големите играчи во областа на рударењето на криптовалути да ги користат сите расположливи средства и да произведуваат сопствена енергија по најниска можна цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП