23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari вредено 27.5 милиони долари

Ferrari вредено 27.5 милиони долари

RM-ferrari-NART-spider-blog480

Исклучително реткиот суперавтомобил „Ferrari 275 GTB“ беше продаден на аукција во САД за 27.5 милиони долари, што е рекордна цена за овој бренд.

Црвениот кабриолет „Ferrari 275 GTB / 4 NART Spider“ чиј 8-цилиндричен мотор е со моќност од 300 коњски сили, е произведен во 1967-та година, а од погони на фабриката излегле само 10 такви машини.

Пред продажбата уникатниот автомобил бил во сопственост на семејството на Еди Смит, основачот на трговската фирма „National Wholesale Company“.

Името на новиот сопственик не е објавено, а парите од продажбата поранешниот сопственик има намера да ги даде за добротворни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП