среда, јануари 19, 2022
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen принуден да го прекине производството

Volkswagen принуден да го прекине производството

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen објави дека целосно ќе го прекине производството во Волфсбург на две недели поради недостаток на полупроводници.

Volkswagen објави дека целосно ќе го запре производството на сите возила во својот роден град Волфсбург во периодот од 2 до 13 октомври, пренесува регионалниот јавен радиодифузер Norddeutscher Rundfunk (GDR). Околу 20.000 вработени ќе работат со скратено работно време. Исто така, производството ќе биде запрено 12 дена во фабриките во Емден, Хановер и Оснабрик.

Портпаролот на Volkswagen рече дека глобалниот недостаток на полупроводници и чипови ќе достигне сосема нова и неочекувана димензија. Volkswagen првично планираше намалување на производството за три четвртини оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи