30 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва се најдобрите авиокомпании во светот за 2021-ва година

Ова се најдобрите авиокомпании во светот за 2021-ва година

„Qatar Airways“ повторно е најдобрата авиокомпанија во светот.

Шеста година по ред, таа беше прогласена за број 1 превозник на планетата меѓу 350 авиокомпании на таканаречените Оскари за авијација – Skytrax World Airline Awards 2021.

На второ место е „Singapore Airlines“. Топ превозникот во Соединетите држави е „Delta Air Lines“ (30-ти во светот), а „Qantas“ е највисоко рангирана авиокомпанија во регионот Австралија/Пацифик (8-ма во светот).

Едвард Плеист од „Skytrax“ коментираше дека победата на „Qatar Airways“ шести пат по ред е „извонредно достигнување“.

Уште повеќе, авиокомпанијата додава повеќе од овогодинешните награди на своите трофеи – Најдобра бизнис класа во светот, Најдобро седиште за деловна класа во светот, Најдобар авиосалон за деловна класа во светот и Најдобра услуга за бизнис класа.

„Оваа награда е резултат на неверојатната работа на тимот на „Qatar Airways“. Сакам да им се заблагодарам на нашите верни патници за нивната лојалност и благодарност за сѐ што понудивме во најтешките и неизвесни времиња, без да се загрозат услугите и извонредноста по што авиокомпанијата е позната низ целиот свет“, рече извршниот директор на „Qatar Airways Group“, Акбар Ал Бејкер.

Други значајни успеси на овогодинешните награди за авијација вклучуваат титула за Најчиста авиокомпанија на светот за „ANA All Nippon Airways“. „Singapore Airlines“, која го доби златниот медал во категоријата Најдобар кабински екипаж, исто така ги освои Најдобрата прва класа во светот и Најдобрите места во прва класа во светот. “Air France“ е прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа.

Топ 10 најдобри авиокомпании во светот за 2021 година:

1. „Qatar Airways“

2. „Singapore Airlines“

3. „ANA All Nippon Airways“

4. „Emirates“

5. „Japan Airlines“

6. „Cathay Pacific“

7. „EVA Air“

8. „Qantas Airways“

9. „Hainan Airlines“

10. „Air France“

Топ 10 најдобри нискобуџетни превозници на планетата:

1. „AirAsia“

2. „Southwest Airlines“

3. „Scoot“

4. „Vueling Airlines“

5. „IndiGo“

6. „EasyJet“

7. „Jetstar Airways“

8. „Ryanair“

9. „Jetstar Asia“

10. „Flynas“

Победниците на „Skytrax World Airline Awards“ се одредуваат по анкета за задоволство на патниците.

Оваа година патници од над 100 националности учествуваа во неа, а наградите за 2021-ва година се досесени врз основа на 13,42 милиони прегледи (88% од нив се регистрирани до март 2020-та година). Анкетата преку Интернет беше спроведена во периодот септември 2019-та година – јули 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП