28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е најубавиот хиперспортски автомобил, како ви се допаѓа? (ФОТО/ВИДЕО)

Ова е најубавиот хиперспортски автомобил, како ви се допаѓа? (ФОТО/ВИДЕО)

Потпишан е од „Bugatti“, и сѐ што знае да направи овој производител на хиперспортски автомобили со децениска традиција, е вметнато во него.

Моделот „Bolide“ е најдобриот што може да го понуди автомобилскиот свет, соопшти жирито на настанот „Festival automobile international“, што се одржува во Париз.

Нема ограничувања, освен во однос на излегување од патеката, најкраткиот опис на тркачкиот хиперспортски автомобил на „Bugatti“, кој ќе се произведува во само 40 примероци.

Првите испораки се очекуваат во 2024-та година, а почетната цена е 4.000.000 евра!

„Bolide“ е најлесниот и најбрзиот автомобил со W16 четири-турбо мотор. Тежи само 1.450 килограми, а вреди да се спомене дека влезе во областа на Формула 1 со аеродинамика.

На неодамна завршената изложба на ексклузивни автомобили на Пебл Бич, моделот беше прогласен и за најубав во конкуренција на четири номинирани автомобили. Очекувано за најекстремното „Bugatti“ во историјата.

Спецификации и перформанси

Тркачкиот модел на „Bugatti“ се напојува со 8.0-литарски четири-турбо W16 мотор со 1.177 kW/1.600 ks и 1.361 kW/1.850 ks и 1.850 Nm, соодветно, кога се користи тркачко гориво од 110 октани.

Од 0 до „стотка“ автомобилот пристигнува за 2,17 секунди, до 200 km/h за 4,36 секунди, до 300 km/h за 7,37 секунди, до 400 km/h за 12,08 секунди, додека до 500 km/h треба да забрза за 20,16 секунди.

Според најавите, максималната брзина е над 500 km/h …

Патем, ширината на „Bugatti Bolidе“ е 1990 mm, висината е само 995 mm, а меѓуоскиното растојание е 2750 mm.

Вкупната тежина на возилото изнесува 1.450 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП