20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо рамки на новиот голем инвестициски циклус, Пивара Скопје изгради нов современ...

Во рамки на новиот голем инвестициски циклус, Пивара Скопје изгради нов современ деловен простор

Во пресрет на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје отвори нов деловен простор за вработените. Со ова започна реализацијата на новиот инвестициски циклус со кој компанијата во наредните две години ќе ги удвои досегашните вложувања во својот одржлив развој.

Новите канцеларии се рефлексија на богатото наследство и традиција на Пивара Скопје, а се изградени и опремени по најсовремени стандарди и технолошки трендови. Посебно внимание е посветено на заштитата на безбедноста и здравјето на сите што ќе престојуваат во нив, имајќи ги предвид новите услови на работа предизвикани од Ковид-19 пандемијата.

„Вработените се клучни за успехот на Пивара Скопје и затоа нашата визија е да инвестираме во проекти кои ќе ја поттикнат креативноста, дружењето и заедништвото на нашите вработени. Веруваме дека ова е една од највредните инвестиции во натамошниот одржлив развој на компанијата“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, кој најави отворање на новиот деловен простор и за потребите на заедницата.

„Нешто на кое сме особено горди е што овие современи деловни простории ќе бидат отворени и за заедницата, особено за младите. Покрај веќе добро препознатливите програми како Youth Empowered и Coke Summership, планираме да иницираме и нови проекти кои ќе бидат насочени кон натамошно зголемуваме на кративениот и иновациски потенцијал што постои во земјата“, потенцираше Сладиќ.

На првиот ден во новите канцеларии добредојде на вработените во Пивара Скопје им посакаа и амбасадорите на САД, Грција и Хрватска, заменик амбасадорот на Холандија, како и премиерот Зоран Заев.

„Oдлуката на Пивара Скопје за нови инвестиции е најдобар показател дека во земјата е направено многу за да се обезбеди поволна деловна клима која ги охрабрува инвеститорите и компаниите да вложуваат во својот развој, во креирање на уште подобри услови за своите вработени, во зголемување на нивната благосостојба и во креирање услови за нови вработувања за младите, за да можат тие да ја градат својата иднина овде во нивната татковина“, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, честитајќи ѝ на Пивара Скопје за сите досегашни и нови инвестиции. „Мојата порака до Пивара Скопје и до останатите компании е дека и понатаму можат да сметаат на поддршката и партнерството со Владата при реализацијата на нивните инвестициски планови и да не се двоумат до го вложат својот капитал тука во Северна Македонија“, истакна премиерот.

Посебен фокус во развојот на Пивара Скопје во следниот период ќе биде ставен и на одржливоста, преку вложувањата во заштита на природните ресурси и имплементација на ефективни програми за управување со отпадот.

Се очекува новите инвестиции да ѝ овозможат на Пивара Скопје да продолжи со својот одржлив развој, а преку тоа да придонесе за растот и развојот на домашната економија и на заедницата во целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП