11 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Qatar Airways“ воведува нови пониски цени, еве што треба да знаете

„Qatar Airways“ воведува нови пониски цени, еве што треба да знаете

„Qatar Airways“ им дава поголема флексибилност на своите клиенти со воведувањето на новите цени за „Economy Lite“ и „Business Lite“ веќе од  следниот месец.

Тие ќе стапат на сила за летови од 1-ви октомври, според авиокомпанијата, ќе бидат по пониски цени од вообичаените цени за економска и деловна класа, но ќе понудат многу придобивки, како што е бесплатен чекиран багаж.

„„Qatar Airways“ додава дополнителни опции за да им понуди поголем избор на своите патници“, објави авиокомпанијата на својата веб -страница.

Во „Economy Lite“, на патниците им е дозволен еден чекиран багаж до 20 килограми (класичниот билет за економска класа вклучува бесплатен чекиран багаж до 25 килограми). Тие ќе можат да ги изберат своите места кога се регистрираат преку Интернет, но цената на билетот не се враќа.

Во „Business Lite“, патниците добиваат исти килограми чекиран багаж како и другите деловни цени, но нема да имаат бесплатен пристап до деловниот салон на авиокомпанијата (оној во Доха е еден од најдобрите во светот). Наместо тоа, тие ќе можат да платат за оваа опција посебно.

Меѓутоа, компанијата ќе обезбеди бесплатен пристап до деловниот салон со „Business Lite“, доколку тие се дел од клубот на авиокомпанијата или програмата „Oneworld“.

Оваа година, „Qatar Airways“ ја освои титулата најдобра авиокомпанија во светот, како и најдобра бизнис класа со своите „Qsuites“. Меѓународниот аеродром Хамад во Доха се смета за еден од најдобрите во светот, потсетува „Travel + Leisure“.

Во јули, Катар ги отвори своите граници за целосно вакцинирани патници, барајќи од нив да обезбедат негативен PCR тест за Ковид-19 во рок од 72 часа од патувањето во земјата и да се регистрираат на владина веб-страница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП