среда, јануари 19, 2022
ПочетнаКОМПАНИИ„Samsung“ е се поблиску до отворање на својата нова фабрика во Тексас

„Samsung“ е се поблиску до отворање на својата нова фабрика во Тексас

„Samsung Electronics“ е близу до финализирање на проектот за изградба на фабрика за чипови во вредност од 17 милијарди долари во округот Вилијамсон, Тексас, според три извори запознаени со оваа работа, пренесува „Reuters“.

Компанијата за новинската агенција изјави дека потрагата сѐ уште е во тек на неколку места и допрва треба да донесе одлука.

Фабриката ќе произведува модерни полупроводници и најверојатно ќе отвори околу 1.800 работни места, според претходните документи што „Samsung“ ги достави до локалните власти.

Еден извор коментира дека иако не е донесена одлука, предградието на Остин во округот Вилијамсон, води поради понудените субвенции, како и можноста за пристап до стабилни извори на електрична енергија и вода.

Зимската бура ја затвори другата фабрика за чипови на „Samsung“ во Остин во првиот квартал, предизвикувајќи штета еквивалентна од 300 до 400 милијарди вони (254 милиони долари до 339 милиони долари).

Сите три извори сакаа да останат анонимни бидејќи немаат право да коментираат за ова прашање пред медиумите.

Претходно, „Samsung“ соопшти дека планира да започне со изградба на новата фабрика во јануари. Треба да профункционира до крајот на 2024-та година.

Планот беше објавен во време кога глобалната автомобилска индустрија се соочува со значителен недостаток на полупроводници.

„Откако САД ќе ги претворат чиповите во стратешки материјал, ризично е да се фокусираме само на Азија“, вели Парк Сун-сон, аналитичар во „Cape Investment Securities“.

Во глобалната индустрија за подизведувачи на чипови, „Samsung“ е на второ место по „TSMC“, кој имаше 52,9% удел на пазарот на крајот на јуни, во споредба со 17,3% за „Samsung“, според „TrendForce“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи