18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако TikTok стана планетарна зараза и достигна рекорд од милијарда корисници?

Како TikTok стана планетарна зараза и достигна рекорд од милијарда корисници?

Милијарда активни корисници ширум светот користат TikTok секој месец, објавено е од оваа компанија. Сепак, многумина се уште се прашуваат што е толку привлечно за оваа мрежа.

Растот на бројот на корисници на TikTok, кој е во приватна сопственост на кинеската компанија Biddens, беше поддржан и од голем број Американци кои се приклучија на таа социјална мрежа за време на пандемијата „Ковид-19“, пренесува CNBC.

Во јануари 2018 година, TikTok објави дека има околу 55 милиони корисници на глобално ниво, и тој број порасна на повеќе од 271 милиони до декември 2018 година и на 507 милиони до декември 2019 година. Компанијата објави минатото лето дека има стекнато речиси 700 милиони месечни активни корисници.

Што го прави TikTok толку заразна мрежа?

Патем, оваа компанија бележи постојан раст на популарноста на нејзината апликација за размена на кратки видео содржини, и има неколку причини за тоа.

Имено, корисниците на оваа мрежа се претежно луѓе кои припаѓаат на помладите генерации. Сепак, пандемијата и карантините предизвикани од пандемијата бараа извор на забава, што донесе и малку постара генерација на оваа социјална мрежа.

Многумина сведочат дека не ни забележуваат како лета времето, па се поставува прашањето: Што го прави TikTok толку зависна мрежа?

Она што може да се забележи на TikTok е дека на голем број корисници, може да се каже, им недостасува креативност, судејќи според милионите исти видеа, со иста музика и движења. Исто така, талентот не е нешто што е неопходно за да има голем број следбеници на оваа мрежа. Видео снимки од луѓе кои танцуваат користејќи ги истите, и очигледно не толку напорни танцови движења, сведочат за тоа.

Сепак, постојат неколку факти за оваа мрежа што ја прават толку привлечна.

Персонализирана почетна страница

Повеќето социјални мрежи прикажуваат содржини на вашата почетна страница што треба да ве интересираат. Исто така TikTok, освен што, како што пишува страницата NewsForYouth, оваа мрежа се разликува од другите бидејќи на почетната страница ќе имате содржина слична на онаа што сами ја креирате или поддржувате. Без разлика дали покажувате интерес за лајкови, коментари или споделувања, TikTok „се сеќава“ на сето тоа и го користи за да ве вовлече во „циклусот на непрекинато скролање“, пишува овој портал.

Непосредна содржина

Кога ќе ја отворите апликацијата, кратките видеа ќе почнат да се репродуцираат веднаш. Не мора да притискате ниту едно копче за да започнете да гледате содржина, тоа е толку едноставно! Во време кога сите брзаме и немаме време, ова е нешто што навистина ќе не привлече бидејќи апсолутно не треба да вложуваме напори.

Повторување

Повеќето социјални мрежи ви овозможуваат да погледнете одредена објава, а потоа да продолжите понатаму. На пример, Netflix ни дава неколку секунди пред следната епизода да започне да се репродуцира автоматски, додека TickTok користи стратегија за видео реприза одново и одново. Бидејќи повеќето видеа се пократки, некои од нив ќе се повторат без предупредување, што практично не принудува да гледаме.

Брза и кратка содржина

Содржината на TikTok обично трае до 15 секунди – што е многу краток временски период. Додека ги гледаме овие кратки видеа, навистина не сфаќаме колку време трошиме за да ги прелистуваме, бидејќи сме ментално убедени дека гледаме само неколку видеа од осум до петнаесет секунди.

Заразна музика

Речиси сите видеа на TikTok имаат песна во позадина, и бидејќи клиповите за песни се кратки, тие можат да бидат многу привлечни, па затоа често сакаме да се вратиме во апликацијата за да дознаеме за која песна станува збор. Тоа е исто така одлична платформа за растечките пејачи и продуценти, имајќи предвид дека скоро секој звук може да стане вирален.

Потребата на човекот да се поврзе

Заедничко за сите социјални мрежи е поврзување на луѓето од целиот свет. Луѓето се стремат кон општествено прифаќање и ако можат да го постигнат тоа со минимален напор, ќе ја искористат можноста. Сакаме да бидеме свесни за тоа што прават другите луѓе и сакаме да ги информираме другите за она што го правиме. На нашето его му треба место за да се покаже, а интернетот е совршено место за тоа, пишува овој портал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП