Повеќе од 3,3 милиони нови случаи на коронавирус и над 55. 000 смртни случаи беа регистрирани ширум светот минатата недела, објави Светската здравствена организација (СЗО) во својот неделен билтен објавен рано утрово во Женева.
Според оваа организација, бројот на нови случаи и смртни случаи од коронавирус во светот се намалил за 10% во текот на минатата недела.

