24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој го нормализира шеќерот во крвта

Напиток кој го нормализира шеќерот во крвта

Годишно дијабетесот уништува многу животи, иако оваа болест е неизлечива сепак постојат начини како да ја контролирате и да ја држите во границите на нормалата.

Дијабетесот не е само смртна закана за сите оболени, туку предизвикува и многубројни тешкотии. За човек да продолжи да функционира нормално, по развивањето на оваа пеколна болест, важно е да го одржува шеќерот во нормала.

Тоа е можно да се изведе со редовна и здрава храна, лекови како и традиционалната медицина која многу помага и ги олеснува непријатните симптоми.

За овој лек ви се потребни само две состојки.

Состојки:

300 гр корен од целер

6 лимони

Подготовка:

Изрендајте го исчистениот корен од целерот и ставете го во емајлирано тенџере кое не смее да биде оштетено. Во тенџерето додадете и свеж цеден сок од лимон. Затворете го добро тенџерето и ставете го во друго, поголемо тенџере со вода. Варете додека водата во долното тенџере да зоврие.

Кога ќе зоврие намалете ја температурата и на многу мала температура варете 2 часа. По варењето тргнете ги садовите од огнот и не го отворајте тенџерете додека целосно не се олади, па потоа сипете го лекот во тегла. Теглата добро затворете ја и ставете ја во фрижидер.

Употреба: Пијте по една лажица наутро на празен стомак, 30 минути пред појадокот.

Оваа количина е доволна за два месеци, по кои на многумина им се нормализира шеќерот во крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП