13 декември, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа за Злато (GOLD) 19.08.2013

Техничка анализа за Злато (GOLD) 19.08.2013

Купувачите на Златото може да олабават. Следува продолжение на надолниот тренд?

Нагорната корекција на златото после големиот пад се чини дека завршува. Златото претходните две недели се искачи до цена од 1386,00 долари по унца, што е и ниво на “Price action level” од претходниот месец, така да следните денови очекуваме нов оштар пад на цената на златото.

Технички подградено на графичкиот приказ цената на Златото ја достигна највисоката точка до највлијателниот Фибоначи левел од 161,8% калкулиран од последниот врв и последното дно, а тоа ниво е и добро познато како “Reversal level” или ниво на промена на трендот.

chart1

При евентуален старт на паѓање на цената на Златото со новокреираниот Фибоначи Ретрејсмент ги добиваме нивоата на поддршки на цените 1342,60 при ниво 23,6% , доколку се пробие тоа ниво следи пад до 38,2% или цена 1316,00.

chart2

Наша препорака до инвеститорите кои го купуваат Златото е да запрат со купување од овој момент, а со помал дел од инвестициите да го продадат во истиот момент продавајки го до цена од 1275,00.  При овој потег доколку нашата анализа се реализира заработката би била огромна, да претпоставиме дека се продава со 1 лот добивката би изнесувала околу 11 000 УСД или со 0.1 лот 1100 УСД…

Среќно тргување,

Адмирал Маркетс

 

Напомена:
Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП