25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„TikTok“ достигна 1 милијарда месечни активни корисници

„TikTok“ достигна 1 милијарда месечни активни корисници

Социјалната мрежа „TikTok“ достигна 1 милијарда месечни активни корисници на глобално ниво ова лето, велат од компанијата за „Reuters“. Така, услугата забележа покачување на показателот за 45% во споредба со јули 2020-та година.

САД, Европа, Бразил и Југоисточна Азија се најголемите пазари за популарната апликација за кратки видео содржини, соопшти компанијата.

„TikTok“ ужива зголемување на бројот на своите корисници ширум светот во текот на изминатите неколку години, иако се соочува со регулаторни проблеми во Соединетите држави и други региони.

Претходно, компанијата соопшти дека има околу 55 милиони корисници ширум светот заклучно со јануари 2018-та година. Тој број се зголеми на повеќе од 271 милиони до декември 2018-та година, 508 милиони до декември 2019-та година и 689 милиони до јули 2020-та година.

На крајот на јуни оваа година, „Facebook“ имаше 2,9 милиони активни корисници, се вели во најновиот финансиски извештај на технолошката компанија.

Претходно, „TikTok“ објави дека има завршено 2 милиони преземања преку Интернет низ целиот свет до август 2020-та година.

Платформата за споделување видеа е во сопственост на кинескиот технолошки гигант „ByteDance“. Претходно оваа година, главниот финансиски директор на „ByteDance“ ја презеде функцијата извршен директор на „TikTok“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП