Еврото успеа да се одржи на ниво над 1.32 дури и повторно да зајакне над 1.33 по краткиот пад и обид за надолен пробив.
После турбулентниот вчерашен ден кога цената проба да пробие надолу но неуспешно, имаме потврда за продолжение на рамниот пазар со граници помеѓу 1.34-1.32 и еквилибриум на 1.331 каде очекуваме дека веројатно и ке ја заврши оваа недела.
До пладне не се очекува излез од овие нивоа, поготово што дневниот тренд е во благ нагорен канал но веќе 2-3 дена неуспева да го продолжи со преминување на границата од 1.34.
Со оглед дека е петок претпоставуваме дека поголем дел од отворените позиции ке почнат да се затвораат поготово во попладневните часови, можно е да цената се спушти но не драстично и не под 1.32.
Попладне американската статистика ни ги дава податоците за бројот на издадени градежни дозволи и прелиминарното расположение на потрошувачите кои се важни показатели за идните економски случувања.
Наш предлог за тргување продажен лимит на 1.339 со стоп на 1.342 и профит на 1.333