25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГејтс ги трола Безос и Маск за патувањето во вселената

Гејтс ги трола Безос и Маск за патувањето во вселената

„Вселена? Имаме многу што да направиме овде на Земјата“, коментираше Гејтс за инвестицијата на милијардерите во вселенската технологија.

За конкуренцијата на Џеф Безос и Илон Маск, двајцата најбогати луѓе во светот, честопати можеме да прочитаме дека Земјата не е доволно голема за нивното его, па тие одлучија да го освојат универзумот. И тие се многу успешни во тоа. Додека Маск може да биде задоволен од големиот напредок на неговиот SpaceX кој нижи успех за успех и создава историја на вселенски летови, Безос може да се пофали дека летал во вселената пред Маск.

Сепак, не секој на нашата планета ја гледа својата конкуренција многу благонаклонето бидејќи тие веруваат дека работите треба прво на Земјата да се регулираат, а Безос исто така е обвинет за нешта како неплаќање даноци и условите за работа во Амазон. Особено остар во неговиот неодамнешен говор беше шефот на ОН Антонио Гутереш, кој рече дека додека милијардерите трошат пари за патувања во вселената, милиони гладуваат на Земјата.

На таквите критики, но на малку поумерен начин, им се придружи и Бил Гејтс, кој со години беше на врвот на листата на најбогати луѓе на планетата. Гостувајки во ТВ -емисија минатата недела, водителот Џејмс Корден му се „заблагодари“ што е еден од милијардерите кој во моментов не се обидува да избега од нашата планета со вселенски брод. Гејтс му рече дека со текот на времето станал опседнат со работи како маларија и ХИВ и како да се ослободи од тие болести, а на прашањето за милијардерите кои трошат пари за патување во вселената, тој одговори: Вселената? Имаме многу да направиме овде на Земјата.

Корден се смееше на таквото „тролање со стил“ на Гејтс на Безос и Маск кое можете да го видите во прилогот.

Безос, Маск и Бренсон, се свесни за критиките на нивна сметка, но веруваат дека едното не го исклучува другото, односно дека ако инвестираат пари во развојот на вселенските технологии, тоа не значи дека тие не можат да ги решаваат проблемите на Земјата. Мораме да ги направиме двете работи. Имаме многу проблеми сега и овде на Земјата и треба да работиме на нив, но мора да гледаме и кон иднината, ние секогаш го правевме тоа како раса и цивилизација, коментираше претходно Безос. Маск е на исто мислење, според кое повеќе од 99 проценти од нашата економија треба да се насочи кон решавање проблеми на Земјата, но останатите помалку од еден процент треба да се искористат за вселенски истражувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП