12 декември, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 16.08.2013

Техничка анализа EUR/USD 16.08.2013

Доколку се навратиме на вчерашната анализа, може да забележеме дека цената на EUR/USD во еден момент после објавата за невработеноста во САД падна на 1,3210, точно под нивото каде што се очекуваше и понатамошен пад, но само како резултат на моменталната објава, која не успеа да влијае врз промена на трендот на валутниот пар, или поточно на зајакнување на доларот во однос на еврото.

Може да се констатира дека сеуште генерално еврото е појако во однос на доларот и како на анализата прескокнувајки го нивото 1,3300 се задржа на цена од 1,3340. Доколку би се тргувало според вчерашната анализа сега би требело да продолжеме со купување се до цена од 1,3400.

chart

 

Доколку нашата анализа се остварува во потполност, денес може да очекуваме нагорен тренд, претежно во раните часови при отварање на лондонската сесија, се до отварање на американската сесија.

Цената би се движела од 1,3354 како моментален Р, би го пробило тоа ниво и од истото ниво би се одбила со интензивен раст до 1,3400 ако не и повеќе.

Доколку би имале корекција на вчерашниот скок, цената би се движела од 1,3340 како С, и под тоа ниво со интензивен пад до првата појака поддршка на цена 1,3295.

За понатамошното движење денес ќе објавиме уште една анализа после креирањето на новите формации при лондонската сесија.

chart2

Среќно тргување,

Адмирал Маркетс

 

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП