Граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, од денеска со потврда ќе можат да примат трета доза против коронавирус. Станува збор за вакцината „Фајзер“, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирале граѓаните и без разлика дали претходно се вакцинирале во друга држава.
Третата доза посочените групи ќе можат да ја примат најмалку шест месеци по примената втора доза.

