11 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРобот кој ги носи вашите работи и ве придружува како милениче (ВИДЕО)

Робот кој ги носи вашите работи и ве придружува како милениче (ВИДЕО)

„Gitamini“ е помладиот брат на роботот за пренос на работи „Gita“, што го претстави компанијата „Piaggio Fast Forward“, ќерка на италијанската компанија „Piaggiо“.

Бидејќи секогаш се вели дека секоја стока има свој купувач, „Gitamini“ веројатно ќе привлече одреден број луѓе, а она што сигурно можеме да го гарантираме е дека нивните сопственици на улица нема да останат незабележани.

Роботот, кој се состои од централен дел за чување работи и две тркала, ги придружува сопствениците како милениче и служи за носење работи.

Ако не ви се допаѓа да носите ранец или торба, зошто да не платите 1.850 долари за робот што може да го направи тоа за вас.

Бидејќи е мал уред, не треба да имате големи очекувања од него, така што, соодветно, може да собере работи до само 9 килограми.

Неговата батерија може да издржи повеќе од 30 километри, а максималната брзина што може да ја достигне е нешто помалку од 10 километри на час.

Опремен е со камери, сензори и радар кои му помагаат да го фокусира сопственикот и да го следи.

Пред тоа, сопственикот треба да кликне на копчето за поврзување, меѓутоа, треба да се нагласи дека роботот нема GPS, но со своите камери и сензори може да го препознае сопственикот и на тој начин да го следи.

За да ја користите „Gita“, неопходно е да го поврзете роботот со вашиот паметен телефон, со кој можете да го отклучите и надградите софтверот.

Како изгледа во реалноста, погледнете во видеото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП