Започна продажбата на телефоните iPhone 13, а кинескиот блогер WekiHome објави видео од расклопување на моделот iPhone 13 Pro. Видеото нуди детали за сите главни компоненти, а ние го дознаваме точниот капацитет на батеријата – 3095mAh.
Ова претставува зголемување во однос на iPhone 12 Pro, кој има капацитет на батерија од 2815mAh. За време на презентацијата, Apple посочи дека новиот модел треба да издржи до 1,5 часа повеќе со едно полнење во споредба со неговиот претходник. Батеријата има форма на L и е создадена од Sunwoda Electronic Co.

