20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодинава приходите од смартфони на „Huawei“ ќе се намалат за 30-40 милијарди...

Годинава приходите од смартфони на „Huawei“ ќе се намалат за 30-40 милијарди долари

Приходите на кинеската технолошка компанија „Huawei Technologies“ од бизнисот со паметни телефони ќе се намалат за 30-40 милијарди долари во 2021-ва година, и најверојатно нема да го надоместат новите извори на раст во следните неколку години, изјави претседателот Ерик Сју.

Иако компанијата е „навикната на американските санкции“ воведени против неа во 2019-та година, нејзините нови деловни потфати за 5G не можат да ја надоместат загубата на телефонскиот бизнис, рече Сју, кој е ротирачки претседател на компанијата во оваа година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го стави „Huawei“ на американската црна листа во 2019-та година, спречувајќи го да добие пристап до американската технологија. Ова влијаеше врз способноста на компанијата да дизајнира сопствени чипови и да добива компоненти од надворешни добавувачи.

Санкциите исклучително тешко го погодија бизнисот со паметни телефони на „Huawei“.

За кратко време, тој беше најголемиот производител на паметни телефони во светот, но тогаш „Huawei“ испадна од првите пет најголеми кинески производители во вториот квартал од оваа година – за прв пат во повеќе од седум години, според „Canalys“.

Според Сју, смартфоните сепак донесоа приход од околу 50 милијарди долари за компанијата во минатата година. „Huawei“ објави најголем пад на приходите до сега за првата половина на 2021-ва година, објавувајќи дека генерирал 320,4 милијарди јуани (49,57 милијарди долари).

Сју вели дека неговата „голема надеж“ за компанијата е да постои за пет до десет години.

Напорите на Кина да развие сопствена индустрија за чипови покажува „доста охрабрувачки резултати“, рече Сју, но ќе треба подолго време за да се исполнат предизвиците со кои се соочува синџирот на снабдување на „Huawei“.

Нови области на раст

Администрацијата на Џо Бајден досега покажа мала желба да го намали притисокот врз „Huawei“. Во четвртокот, американската секретарка за трговија, Џина Рајмондо, изјави дека ќе преземе дополнителни мерки против компанијата доколку е потребно.

Сепак, „Huawei“ бара нови области на раст, како што се 5G и надградба на инфраструктурата базирана на вештачка интелигенција на аеродроми и рудници. Кина ќе биде светски лидер во технологијата 5G во следните неколку години, рече Сју.

„Компанијата исто така ги разгледува можностите за инвестирање во области кои немаат никаква врска со синџирот на снабдување со чипови“, додаде тој.

Во август, „Reuters“ објави дека Кинеската комисија за надзор и администрација на државни средства (ЅАЅАС), која ги следи локалните компании поддржани од владата, побарала од компаниите контролирани од општината да ги мигрираат податоците од приватните оператори во државните облачни системи до следната година.

На прашањето како создавањето државен облак во Кина и плановите на „SASAC“ ќе влијаат врз „Huawei“, Сју рече дека „Huawei“ ја истражува својата позиција како потенцијален давател на услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП