Смартфонот „Samsung Galax S22 Ultra“ ќе биде објавен следната година, но сега протекоа нови информации за новиот модел на „Samsung“.
Според протечените информации, „S22 Ultra“ ќе биде заоблен и многу ќе потсетува на „Galaxy Note 20“.
Исто така, ќе има слот за „S Pen“ како и сите уреди „Galaxy Note“. Со моделот „Galaxy Note“ и „Z Fold 3“, „S Pen“ оди во футрола, но тука ќе има свој слот.
„S 22 Ultra“ исто така ќе има сензор што открива кога „S Pen“ е вметнат или отстранет од телефонот.
Сензорот ќе може да се прилагоди, за да може да иницира одредени дејства. Што се однесува до екранот, тој ќе има „AMOLED“ технологија и дијагонала од 6,8 инчи, со висока стапка на освежување.
Димензиите се 163,2 x 77,9 x 8,9mm и дебелината е 10,5mm, ако ја броиме камерата.
Главната камера ќе има сензор од 108MP со 0,8 µm пиксели, ултра-широката камера ќе има сензор од 12MP и OIS (Оптичка стабилизација на слика), додека селфи камерата ќе има сензор од 40MP.
Се очекува во јануари 2022-ра година „Samsung“ официјално да го претстави „S22 Ultra“.