25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Кина сите трансакции со криптовалути ги прогласи за нелегални

Централната банка на Кина сите трансакции со криптовалути ги прогласи за нелегални

Централната банка на Кина ги прогласи за нелегални сите трансакции кои вклучуваат биткоин и други виртуелни валути, како дел од нејзината кампања за блокирање на употребата на неофицијални дигитални пари, што доведе до пад на вредноста на биткоинот, пишува Гардијан.

Цената на биткоинот падна за повеќе од 8 проценти веднаш по објавувањето на оваа информација, на нешто повеќе од 41.000 долари.

На кинеските банки им беше забрането да работат со криптовалути во 2013 година, но владата издаде потсетување оваа година поради загриженоста дека тргувањето со криптовалути се уште може да се одвива или дека суверениот финансиски систем може да биде изложен на ризици.

Во соопштението објавено во петокот, Народната банка на Кина наведе дека биткоин, етереум и други дигитални валути го нарушиле финансискиот систем и биле користени во перење пари и други криминални активности.

Застапниците на употребата на криптовалути велат дека дозволуваат анонимност и флексибилност, но кинеските регулатори се загрижени дека можат да ја ослабнат контролата на владејачката Комунистичка партија врз финансискиот систем и да помогнат во криењето на криминални активности, пишува Гардијан.

Народната банка на Кина развива електронска верзија на јуанот во земјата за безготовински трансакции што Пекинг може да ги следи и контролира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП